Годинава Струшките вечери го слават својот златен љубилеј, 50 години „Струшки вечери на поезијата“. Интересот и за годинава на поетите за учество на фестивалот е огромен. Од организацијата откриваат дека за прв пат годинава на фестивалот ќе учествуваат околу 130 тина странски поети од 71 земја.
„ Годеншното фестивалско издание ќе биде една вистинска вавилонска кула на јазици. Задовојни сме што годинава ќе имаме и претставници од земји кои што ретко доаѓале или не се спомнуваат во хрониките на самиот фестивал. како куриозитет на овај фестивал е што изведбата на Т’га за југ за прв пат во историјата е компонирана од страна на нашиот композитор Димитар Бужаровски и ќе биде изведена синфониски, а солист ќе биде нашиот интернационален познат тенор Благој Нацевски“, вели претседател на управен одбор на СВП, Славе Ѓорго Димоски.
Димоски покрај синфониската изведба на „Т’га за југ“, за годинава најавува и други новини специјално подготвени за јубилејното издание. Тој додава покрај нив фестивалот и годинава си ја задржува својата цврста структура кој во никој случај не се се променува.
Првата фестивалска вечер е замислена како вечер на националностите, на која ќе настапат шест лауреати на СВП кои го добиле златниот венец меѓу кои и годинешниот добитник Матеја Матески. По нив актери ќе интерпретираат поеми на некои од лауреатите на фестивалот кои не се меѓу живите.
Струшките вечери на поезијата е најстариот фестивал во светот кој се одржува во континуитет. Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“. Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на тогашна Народна Република Македонија и Народниот одбор на Општината Струга. Во 1966 година Струшките вечери на поезијата прерасна во институција. Од година во година Струшките вечери на поезијата доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, еден вид на мост меѓу литературните меридијани на светот. Во своето 50 годишно постоење на фестивалот само двајца македонци се добитници на златниот венец, а тоа се Блаже Конески во 1981 год и годинава Матеја Матевски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град