Во заводите за здравствена заштита и во гинеколошките ординации започна да се спроведува вакцинирањето против хуман папилома вирусот, за девојчињата на возарст од 9 до 15 години.
Во заводите за здравствена заштита и во гинеколошките ординации започна да се спроведува вакцинирањето против хуман папилома вирусот, за девојчињата на возарст од 9 до 15 години.
Вакцинирањето ќе се одвива во приватната, специјална ординација по гинекологија и акушерство Превентива од Струга која располага со 100 вакцини и Охридскиот завод за здравствена заштита со 30 бесплатни вакцини .
Д-р Јованка Стурлакова Коровешовска, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита вели дека интересот за бесплатните вакцини е огромен. Добиле мала доза на вакцини, но им било ветено од
Министерството за здравство дека ќе бидат доставени нови дози во зависност од интересот. Од друга страна пак девојките на возраст од 15 до 26 години за да се заштитат од ракот на грлото на материцата ќе мора да платат за вакцинација против ХПВ вирустите и до 400 евра. Интересот за овие вакцини и е мал додаваат докторите.
Кај 90 насто од заболените лица од овој вид на карцином откриено е присуството на овој вирус. Од 100 подтипови хуман папилома вирусот, 4 се најопасни и се одговорни за 70 насто од случаите на карцином на грло на материцата. Со четиривалентните вакцини девојките ќе може да се заштитат од типовите вируси 6,11 , 16 и 18. Сепак гинеколозите предупредуваат дека и покрај добивањето на вакцината, потребно е понатамошно контролирање на здравствената состојба со редовни Пап тестови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град