На ден пред затварањето на 51 –то издание на Охридско лето, директорот и двајцата селектори на прогрмата се задоволни од квалитетот на прикажаното во текот на 40 –те фестивалски дена. Директорот на Фестивалот, Илија Мојсоски истакна дека со понудената богата музичка и театарска програма овој фестивал го зацврсти своето високо реноме.

„Беа реализирани 25 музички концерти, 10 драмски престави на 5 различни простори, 6 зиложби и една филмска проекција. Според податоците фестивалот го посетиле 20.000 гледачи со што е постигната и рекордна постеност“, истакна Мојсоски.
Моја задача како креатор на музичката програма е да понудам што поквалитетни содржини, соодветни за реномето на фестивалот, а со годинешната програма тоа го испочитувавме, истакна Гордана Јосифоска Неделкоска. „Во програмата беа вклучени светски уметнички имиња, но беа застапени и нови музички имиња,“ кажа Јосифова Неделкоска.
И драмскиот селектор Ѓорѓи Јолески е задоволен од она што го сработија на ова Фестивалско издание. Драмската програма ја имаше класиката во современо руво, истакна Јолески.
На бројните сценски простори почнувајќи од Античкиот театар, во просторот и предворјето на катедралната црква Св. Софија, Долни Сарај, во Ценатрот за култура, љубителите на музиката и театарот проследија голем број познати, но и нови уметнички имиња.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град