За младите активно да се занимаваат со било кој спорт, потребни се услови. Владо Вељаноски спортски новинар кој 15 години работи во Националната холандска телевизија и кој е оснивач на фондацијата,ВЛА-ДОБРО, вели дека спортот е една од најважните активности во животот. Но занимавањето со било кој спорт изискува услови.
„Па прво да кажам дека сум многу среќен зошто овие деца се уште многу посреќни од мене. Им благодарам на пријателите во Холандија, Рогиер ван ден Вехиер и Ерик ван дер Херст, кои ја донираа оваа опрема на мојата фондација ВЛА-ДОБРО“, вели Вељаноски.
Вељаноски, ВЛА-ДОБРО фоднацијата ја формирал во 2006-та година, а целта е да се помогне на народот во Македонија во поширока смисла на зборот, со секакви мали разни проекти. Сепак потенцира дека потребно е да се намалат административните и царинските пречки со кои се среќава, за да може помошта да доаѓа непречено. Татјана Димитриевска од ХК „Стик 2007“ презадоволна од донацијата, во име на клубот и хокеарската федерација на Македонија, ја поздрави одлуката нивниот клуб да ја добие истата.
„Ова е втора донација што стигнува на наша адреса токму од неговата фондација што значи дека продолжува нашата соработка во иднина за многу поголеми проекти и донации многу е важно што господинот Вељаноски работи со голем ентузијазам и желба да помогни“, потенцира Димитриевска.
Инаку интенција на Вељаноски и неговата фондација во иднина е донација на спортска опрема не само на клубот за хокеј на трева туку и на други спортски клубови, како и на три училишта од градот. Владо Вељаноски цел живот живее во Холандија, а 15 години работи како спортски новинар во Холандската национална телевизија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град