Фондацијата за подршка на претпријатија од Охрид, во соработка со фондацијата Табита од Корча република Албанија, со заеднички проект за подобрување на квалификациите на работната сила.
Фондацијата за подршка на претпријатијата од Охрид, го спроведува проектот градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот регион. Станува збор за проект кој е финансиран од ЕУ поточно од средствата на ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу РМ и Република Албанија. Елизабета Петанова координатор на проектот вели дека негова главна цел е развој и подобрување на услугите на пазарот на труд со цел интеграција на невработените лица во општеството, преку активности кои ќе ги спорведуваме заедно со релевантните актери во прекуграничниот регион.
„Односно за што станува збор, главните активности кои ќе се спроведуваат на македонската страна е креирањето на работен бизнис центар, селекција на тројца претставници од релевантните институции кои ќе бидат членови на прекуграничниот советодавен комитет за лобирање и креирање и спроведување на триесет дневна обука за невработени лица кои сакаат да почнат сопствен бизнис“ додава Петанова.
Проектот ќе се спроведува се до месец март 2012 година,а главната врзовна точка помеѓу Фондацијата за подршка на претпријатија од Охрид и фондацијата Табита од Корча од Албанија, е првентсвено трансферот на знаењата и искуствата помеѓу двата центри, инсталирање на база на податоци каде ќе се регистрираат невработените лица, и евентуално поврзување со бизнисите овде во нашиот регион.
„Исто така една заедничка компонента на прекуграничната соработка е креирањето на тој советодавен комитет, за лобирање и подобрување на условите за невработените лица“ потенцира Петанова.Таа вели дека реализацијата на овој проект ќе допринесе за развој и подобрување на услугите на пазарот на трудот, конкретно преку подобрени квалификации на работната сила кон можностите за вработување во регионите на Корча , РА и Охрид и Струга РМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град