Заборавената заобиколница

За само 900 метри пат се чека државата да одобри пари за да се асфалтира Источната трансверзала. По три изминати години сеуште не  дозавршена и пуштена  во сообраќај  заобиколницата или Источната трансверзала која води од патниот правец Битола – Св Наум.

 |  Валентина Нелоска  | 
zaobikolnica
zaobikolnica

zaobikolnicaЗа само 900 метри пат се чека државата да одобри пари за да се асфалтира Источната трансверзала. По три изминати години сеуште не  дозавршена и пуштена  во сообраќај  заобиколницата или Источната трансверзала која води од патниот правец Битола – Св Наум. Каде се закочени работите одговор побаравме од  преставниците на Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа и од Агенцијата за државни патишта. Зоран Шикалоски од Фонд за комунален развој  при Локалната самоуправа вели дека уште пред три години добиле ветувањa дека ќе биде завршена трансверзалата, но државата во сите овие години како да заборави на оваа кратка делница.

Шикалоски кажа  дека со пробивањето и тампонирањето на дел од Источната трансверзала, како и  со завршената постапка за екпропријација на земјиштето завршила нивната работа на овој патен правец.

Без коментар останавме од Агенцијата за државни патишта. Катерина Панова Иванова лицето за односи со јавноста во текот на целиот ден не беше достапна да одговори што ќе се случува со оваа делница и кога ќе биде завршена.

За Локалната самоуправа, пак оваа делница  е мошне важна. Потребна е добра патна инфраструктура за  нормално функционирање на градскиот сообраќај и  добро организираниот туризам. Шикалоски напоменува дека се подготвени да  учествуваат и во осветлувањето на патниот правец иако тоа не е во нивна надлежност, како и што не биле пробивањето и тампонирањето на сообраќајницата пред три години. Но, со соглед на огромната  важност на овој пат за градот се подготвени и понатака на соработка. Со финализирање на оваа трансверзала  се очекува во голема мера да се  растерети  сообраќајот кој сега се одвива низ центарот на Охрид и во туристичката сезона се прават  колони  возила в долж источното крајбрежје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top