Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не можат да кажат што ќе се случува за време на настапот.
„Кога луѓето имаат големи очекувања, очекуваат хитови, очекуваат поп музика, рефрени, нешто што е вообичаено, тогаш можат и да се разочараат. А ако немаш предходно очекувања и дозволиш ние да те водиме низ нашата музика тогаш тоа е она вистинското. Нашите концерти се секогаш различни. Ние свириме музика која во основата содржи џез а во џез музиката има многу слобода, импровизации. и ние самите многупати не знаеме што ќе се случи на концертот. Имаме рамка, песни и мелодии до кои се држиме но во центар се импровизациите кои се и најсилната страна на нашите концерти“.
„Васил Хаџиманов Бенд“, зад себе има издадено 4 албуми од кои последниот, „Живота ми“, излезе пред година и пол. Хаџиманов засега не планира да издава ново ЦД бидејќи според него тоа е беспредметно, затоа што денес преку интернерт многу лесно се данлодира секоја песна. Но секако дека има нешто во план.
„Нема да издадеме цеде во класична смисла на зборот. Имаме идеа да направиме двд, аудио-видео запис од нашите настапи бидејќи како што кажав нашата најјака страна се нашите живи настапи. Ние имаме снимено 4 студиски албуми и не сме имале, како се вели, лајф цеде. Па така најдобро е тоа двд да се изададе. Тоа е некоја идеа за во иднина. Ние веќе 15 години работиме заедно, Васил Хаџиманов бенд постои 15 години па и редно е да се направи такво издание како за годишница“.
Хаџиманов смета дека добро му се пишува на охридскиот џез фестивал и дека истиот може да премине во тредиција. Сепак тој потенцира дека за тоа мора да постои истрајност, упорност и труд на оној кој го осмислил. Хаџиманов остави и порака.
„Една порака е кој може да дојде во Охрид и да ги слушне овие бендови на Охридскиот џез фестивал а втора порака е дека се надеваме почесто да свириме во Македонија со Васил Хаџиманов бенд бидејќи имаше пауза од 7 год. од минатиот пат кога свирев во Македонија со Тони Китановски со Александар Петров, Влатко стефановски. Мојот бенд многу ретко се појавува во македонија но се надевам дека ќе дојдеме пак наскоро“.
Ако по утрото се познава денот, охридскиот џез фестивал уште првата вечер ги надмина очекувањата на посетителите. Охридските џезери на нозе ги крена изведбата на композицијата Охрид, најверојатно поради емотивната врска кон својот роден крај. Плажата „Куба либре“ одвај ги собра љубителите на џез музиката. Презадоволни се и организаторите. Тие се изненадени од публиката, а уште повеќе се импресионирани од концертот. Валентин Христовски рече оти немале никакви проблеми околу организацијата иако концертот доцнел околу 1 час поради мали технички проблеми. Тони Китановски пак рече дека ваквата атмосфера е само уште еден мотив плус фестивалот да прерасне во традиција. Организаторите реагираа на дел од спонзорите кои во последен монент ја откажаа соработката, па затоа фестивалот наместо да трае 6 дена, ќе трае три, а два дена ќе има офф програма. Но затоа пак презадоволни се од соработката со плажата „Куба либре“, чив персонал максимално бил ангажиран и организиран за фестивал од ваков карактер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град