Во средното угостителско има слободни места за упис

Трите средни општински  училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои  останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
ugostitelsko
ugostitelsko

BatkoskiТрите средни општински  училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои  останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски.

Училиштето располга со ученички дом, модерно опремена кујна и стручни кабинети кои придонесуваат од година на година учениците да стекнуваат се поголеми знаења и вештини по стручните предмети. „Се поголем е бројот на наши ученици кои ја преставуваат земјата и постигнуваат успех на сите меѓународни натпревари и се враќаат со медалји. Тоа е голем показател за она што го научиле, а е наша сатисфакција за вложениот труд, вели Баткоски .

kabinetОд мината година во училиштето се воведоа  и две нови стручни занимања, слаткар и пекар. Лани  немало заинтересирани ученици за изучување на овие две струки кои во светот се ценети и високо платени. Годинава ситуацијата мрднува од мртва точа ама повторно бројот на пријавените ученици е недоволен. Она што го загрижува раководството на училиштето е опаѓањето на запишаните ученици, а го тера на размислување да најде решение за оваа состојба.

„Покрај  намалениот наталитет  друга причина на која ќе  инсистираме е измена и воведување на 4 годишно образование за профилите келнер и  готвач. Се  надеваме дека наскоро ќе се сменат работите  и овие профили ќе можат да го продолжат понатака своето  образование.“

ugostitelsko

Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има слободни места за сите  пет профили  келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето.

Вториот уписен рок стартува на 18 август.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top