Поинтензивен развој на туризмот се гледа во формирање на Национален комитет за туризам. Во неговиот состав ќе влезат преставници од бројни министерства, агенции и туристичкиот еснаф.
Агенцијата за промоција и подршка на туризмот нема да згасне како што деновиве се шпекулира низ јавноста туку ќе се реорганизира. Ова ни го потврдува и директорот на Агенцијата Зоран Стрезоски.
Најнова одлука на Владата е да се формира Национален комитет за туризам . Него ќе го раководи претседателот на Владата, потпредседателите за економски прашања и финасии, министерот за економија, министерот за транспорт и врски, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и Агенцијата за промоција и подршка на туризмот. Во рамките на ова тело месечно ќе се разгледуваат барањата или предложените мерки на туристичкиот еснаф, кажува Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.
Со ваквата реорганизација на Агенцијата ќе им се овозможи вклучување на сите фактори во туризмот. Се очекува сите проблеми кои се кочница во развојот на туризмот да бидат заедно решавани, нагласува Стрезоски. Апелира до охридско струшките туристички субјекти дека е време да се органзиараат во Еснафи или здруженија з ада гиоставрат своите барања ипотреби вели Стрезоски.
Преку Националниот комитет за туризам, а по терк на туристичките дестинации во светот, ќе се отвараат канцаларии во странски земји за континуирано да се запознаваат странците со македонскиот туристички потенцијал. Од ваквата реорганизација се очекува поголема посетеност на земјата од странски туристи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град