Започна со работа долго очекуваниот компјутеризиран томограф во охридската општа болница. Ново формираниот Радиолошки центар доби најсофистициран апарат кој се користи во современата радиодијагностика. Тоа ќе значи скратување на досегашните маки на охридските пациенти. Тие ќе заштедат и пари и време, а ќе добијата брза и точна дијагноза со која навреме ќе биде третирано лекувањето. Пацинетите повеќе нема да патуваат надвор од Охрид или во другите здравствени установи, истакнува специјалистот радиодијагностичар д-р Софка Маленко.
Прегледите на ова одделение се прават по претходно закажан термин за оваа здравствена услуга. Цената на чинење на прегледот е до 400 денари во зависност од тоа дали се употребува или не контраст, со упат од матичен лекар и син картон. Компјутерскиот томограф е еден од најсовремените апарати во радиологијата вели Димитар Каланоски, радиолошки технолог.
Во радиолошкиот центар, под раководство на специјалистот по радиодијагностика д-р Софка Маленко, работи медицинска екипа во состав од д-р Зоре Ѓоргиоска и д-р Тони Чифлигароски, радиолошките технолози Димитар Кланоски и Анета Трпоска, како и медицинската сестра Билјана Терзијаноска. Апаратот е набавен со средства од Владата, а во процедура е и просторно проширување на одделот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град