Уникатна појава во светската музичка практика на денешницата и едни од пионерите во изведувањето на музиката на денешните епохи, „Хортус Музикус“, на Охридско лето. Андреас Мустонен дирегентот на овој музички ансамбл, вели дека станува збор за една посебна група, во моментов најстарата група која се занимава со ваков тип на музика, која самиот тој ја основал кога имал 16 години, а која веќе 40 години изведува музика од Бах како и современа музика.
„Ние сме една оригинална група која изведува најразлични виидови на музика, од рана, стара музика, до модерна па поради тоа ние претставуваме една музеј група затоа сакам да кажам дека ние изведуваме автентична музика но не на начин како што некои мислат, тоа е значи изведување на музика која што тие мислат дека е автентична, но не е така. Ние пробуваме со костими и амбиентот кој го создаваме да го направиме токму тоа.“ вели Мустонен.
Од Хортус Музикус велат дека свират на стари инструменти, но ренесансна музика на публиката им ја интерпретираат на еден модерен начин. На начинот на кој што таа музика би се свирела денес. Додаваат дека станува збор за една група која што се менува, која еволуира. Карактеристично за нив е што ниту една изведба не е слична на претходната. Ова годинава ќе го видите на Охридско лето е нешто оригинално. Разноликоста на нивната музичка прграма вечер ќе можат да посведочат и охриѓани.
„ Значи ние не свириме само музика од Централна Европа, туку имаме и индиска и европска и арапска музика исто така и музика од балканските простори така да вечерва иако не е вклучено во програмата, ќе има едно изненадување за публиката “, додава диригентот.
Со своите концертни програми „Хортус Музикус” го опфаќа огромниот период на музичката историја – од грегоријанскиот корал до великаните на Барокот од18-от век. Преку својот дијалог на епохите, „Хортус Музикус” соработува со истакнатите современи композитори Арбо Парт, Гија Канчели, Александар Кнајсељ, Галина Григорјева и прави спојување на стиловите останувајќи на своето мото, дека Светот е мал, а вистинскиот музичар не познава граници“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град