Охриѓанец затајувал данок од над 29.000 евра

Охриѓанец сопственик на фирма, водел фиктивно сметководство, не поднесувал даночни пријави, против правно подигал средства од банки со што го оштетил буџетот од 28.215 евра, информираат од МВР.

 |   | 
evra
евра

evraОхриѓанец сопственик на фирма, водел фиктивно сметководство, не поднесувал даночни пријави, против правно подигал средства од банки со што го оштетил буџетот од 28.215 евра, информираат од МВР.

Имено, С.Д. (44) од Охрид во текот на 2009 и 2010 изиграл неколку доверители, при што наместо да ги подмири обврските во износ од 42.680 евра, тој парите ги подигал од жиро сметка и фиктивно ги евидентирал како материјални трошоци во износ од 58.788 евра во 2009 и 53.899 евра во 2010 година.

Во текот на 2009 година, пријавениот  во книговодството употребил невистинита  фактура од друг деловен субјект, во износ од 3.098 евра со намера да евидентира набавка на материјал и искаже влезен ДДВ со право на одбиток од 473 евра.

Со измамнички дејства и лажно преставувајки се дека е вработен во министерството за внатрешни работи, пријавениот оштетил повеќе доверители на неговиот правен субјект за вкупен износ од 40.650 евра ја прикрил односно ја уништил деловната документација која законски бил обврзан да ја чува.

Полицијата поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека охриѓанецот е сторител на неколку кривични дела и тоа “даночно затајување“, “оштетување или повластување на доверители“ и “фалсификување или уништување на деловни книги“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top