Летната сезона за Охрид значи екстремно зголемен број на патнички возила кои сообраќаат по нашите улици. Дури и најфреквентната булевар „Туристичка“ не успева да ги прими сите возила кои сообраќаат низ градов во летните месеци. Со ваквата редовна појава, се потешко се справуваат и автобусите на јавниот превозник АД „Галеб“ од Охрид. Автобусите се повеќе доцнат, а патниците кои редовно ги користат услугите на АД „Галеб“ често не успеваат навреме да стигнат на своите работни места.
Се поголем број на патници реагираат на доцнењето на јавниот превозник АД „Галеб“ од Охрид, но дел од нив тврдат дека некои од автобусите кои што ги има во возниот ред воопшто и не пристигнуваат.
Стапивме во контакт со директорот на ова претпријатие, Димитар Василески, за да го слушнеме неговиот став во однос на ова прашање. Тој рече: „Свесни сме за доцнењето на нашите автобуси кое се движи од 5 до 15 минути на сите наши линии, но верувајте тоа е од сезонски карактер и од објективни причини. Знаете дека голем дел од автобусите тргнуваат од станицата кај Тим маркет, па скоро невозможно е да се помине булеварот Туристичка без да има задоцнувања, бидејќи е вистинско тесно грло.“ Директорот Василески децидно ги негираше обвинувањата на дел од патниците дека некои автобуси воопшто не поаѓаат и додаде дека АД „Галеб“ вложува големи напори за да се минимизираат овие доцнења додека трае летната сезона. Дали „Галеб“ ќе успее во тоа и дали редовните патници навреме ќе стигнуваат на своите дестинации, останува времето да покаже.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град