Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека приходите од издавање треба да ги пријават во Управата.
Поради екот на летната сезона, од УЈП ги потсетуваат граѓаните дека пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна пријава во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите.
За неподнесување на даночна пријава во пропишаниот рок, законот предвидува глоба за сторен прекршок од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.
При пресметување на персоналниот данок за овој вид на приходи, за граѓанинот се предвидени и даночни олеснувања, односно висината на трошоците за кои може да се намали неговиот остварен приход.
Од управата велат дека и граѓаните кои сезонски и повремено се занимаваат со продажба на гевреци, крофни, пуканки, пченка и слично на отворени простори, или пак, изнајмуваат детски реквизити од забавен карактер, педалинки, чамци, глисери, скутери, чадори, лежалки, доколку не се регистрирани како даночни обврзници, задолжително треба да ја пријават својата дејност во УЈП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град