На охридскиот брег странските гости побројни, а домашните се помалку

Туристичките работници на охридското крајбрежје ги сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011.

 |  Валентина Нелоска  | 
rooms
rooms

tlerТуристичките работници на охридското крајбрежје ги
сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег
летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и  гости од соседството, меѓу кои најборјни
повторно се туристите од Србија. Според податоците од  книгите кои ги водат во сместувачките
капацитети видливо е дека хотелските објекти на 
ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет
претежно со странски туристи,  информира
раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски. 

Годинава на летување на охридскиот брег се помалку ги има
домашните гости. Полупразни останаа голем број од капацитетите  од пониска категорија. Тоа е еден показател
за големата економска криза кога просечните македонци не можат од својот буџет
да издвојат ни 150 евра за летување вели Симоноски. Подобро поминуваат
сопствениците на  поатрактивното приватно
сместување.

Во Охрид се евидентирани околу 2000 станоиздавачи кои
нудат сместување од  неколку категории.
Од година в година се забележува тенденција на 
зголемување на бројот на станоиздавачи кои се регистрираат и легално ги
нудат своите капацитети, информира Симоноски. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top