Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани кои исто така поседуваат вакви стебла. „Во зима ја заштитувам со специјална метална конструкција и обложена со двослоен најлон“.
Бананата во моментов има седум изданоци. Во овие изминати години стеблото пуштало нови изданоци кои Махмуд понатака ги подарувал на љубители на растенија. Бананата во неговиот двор во пролет цути и по втор пат раѓа плодови кои не се јадливи.
Цветниот и убаво уреден двор на Нијази Махмуд привлекува многу погледи од минувачите. Стеблото банана пак е посебно атрактивно за странците. Многу од нив се распрашуваат и чудат како успева егзотичната билка на оваа клима вели Махмуд. Додава многу и ми честитале за мојата упорност и грижа стеблото да опстане во средина која не е карактеристична за оваа билка.
„Мојот двор е на Булевар Туристичка и честа е појавата група туристи да ме замолат да се фотографираат покрај бананата“, раскажува Махмуд.
Нијази Махмуд го потвдрува правилото дека за одгледување цвеќе и билки треба многу време, внимание и љубов.Тој додоава дека љубовта кон растенијата и цвеќето ја наследил од неговата мајка.
Инаку, бананата (Musaceae) е тропска билка од семејството кое се состои од три рода, (Musa, Musella i Ensete) која раѓа јадливи и нејaдливи плодови во зависност од видот. Бананата е четврта билка во светот по застапеноста во прехраната веднаш по оризот, пченицата и пченката. Потекнува од Југоисточна Азија, и расте во тропските делови на светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град