Во општина Струга 8850 лица бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста.
Во општина Струга 8850 лица бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста.
Сепак статистичките податоци покажуваат намалување кое се должи на вработувањата пред се во малите претпријатија, вели Владислав Жупан сектор за Локален развој Струга. Тој додава дека изготвиле анализа на локалниот пазар на труд и насоки од акциониот план по кој ќе работат за понатамошно намалување на невработеноста.
Во општина Струга во Центарот за вработување се евидентирани околу 5000 невработени млади луѓе и тоа претежно од селските средини.
Со Локалниот акционен план за вработување, локалната самоуправа ќе ги користи сите расположливи ресурси за потикнување на вработеноста и креирање на нови работни места. Со акциониот план ќе се подржува бизнис заедницата за користење на пред пристапните ипа фондови. Инаку во општината најбаран кадар на пазарот на трудот се шивачките во текстилната индустрија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град