14ти Август, Недела, ова е датумот за кој е закажана најголемата спортска манифестација во земјава, Охридскиот пливачки маратон. Се чини реномето на оваа манифестација како да не значи ништо кога доаѓа време за негово организирање, бидејќи речиси секоја година организацијата се соочува со проблеми околу финансирањето на маратонот. Оваа година во организацијата се вклучува и Агенцијата за млади и спорт во обид да се организира достојно издание на Охридскиот маратон. И овој пат, главен виновник за несогласувањата помеѓу техничкиот организатор, клубот „Охридски бранови“, кабинетот на претседателот и пливачката федерација на Македонија, се финансисиките средства.
„Не би сакал некого да обвинувам, сепак повеќе се работи за субјективни отколку за објективни причини. За еден ваков награден фонд, или за една ваква техничка организација се доволни отприлика 50.000 евра за да се организира една одлична манифестација. Ние сме подготвени како технички организатор, но за да се организира треба да ги имаме средствата на време, оние средства кои служат за техничка организација. Последните години спорот настанува бидејќи средствата ни ги обезбедуваат во минута до 12 што би рекле.“-рече Никола Маленко-Член на организационен одбор на Охридски маратон
Сепак се чини како полека да се закопуваат воените секири. Знаејќи го значењето на овој престижен спортски настан, релевантните фактори водат интензивни разговори со цел да пронајдат заеднички јазик околу организацијата на маратонот.
„Маратонот ќе биде организиран на 14ти Август, наградниот фонд ќе биде 25.000 евра, тоа е нешто преку 30.000 долари. Сместувањето неофицијално говорам ќе биде најверојатно во хотелот Инекс Горица како и ланската година. Досега се пријавени околу дваесетина учесници.“-додаде Маленко
Маленко дополна дека клубот „Охридски бранови“ има добиено 4 плакети од Светската пливачка федерација, ФИНА за добра организација, а Охрид заедно со Канкун се двете најдобри места за организирање на маратони во светот, според мислењето на голем број делегати. Оттука изгледа очигледно зошто е толку важно одржувањето на Охридскиот маратон, на кој и оваа година, веќе традиционално ќе учествуваат големите пливачки имиња како шпањолката Пиљар и бугаринот Петар Стојчев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град