Министерството за одбрана не го сервисирало глисерот кој вчера експлодира

Неофицијално дознаваме дека сопственик на изгорениот глисер е познат приватен бизнисмен од Скопје, и дека истиот ден кога настанала несреќата, пловилото било сервисирано во Центарот за обука на вода, во каналот Студенчишта.

 |  Крсте Голабовски  | 
gliser
глисер

Неофицијално дознаваме дека сопственик на изгорениот глисер е познат приватен бизнисмен од Скопје, и дека истиот ден кога настанала несреќата, пловилото било сервисирано во Центарот за обука на вода, во каналот Студенчишта. Полковник Мирче Ѓоргоски, од Министерството за одбрана, во телефонски разговор не информира дека станува збор за шпекулација, а дека во центарот нема овластено лице кое врши сервис на пловни објекти, и дека доколку сервис на пловилото бил извршен, тоа било направено само приватно и организирано од страна на сопственикот на пловилото. Левиот док на каналот Студенчишта се издава на користење, според однапред утврден договор на ограничен број субјекти, но од Министерството не сносат никаква техничка одговорност за пловилата. Оттука изградбата на марина на охридското езеро е императив после зачестените несреќи на пловила во последниве неколку години каде и соодветно ќе се врши сервисирање и техничка контрола на пловните објекти од страна на овластени стручни лица. Реализацијата на овој проект е повеќе од потребна поради фактот дека од ден на ден се зголемува бројот на пловни објекти во водите на езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top