„Алмико“ од Вевчани, успешни на пазарот на охридско струшкиот регион. Тоа се должи на големиот ентузијазам на сопственикот на „Алмико“, Бошко Јанкоски, кој пред 4 години кога почнал со производство на прехранбени производи бил сигурен дека ќе успее во тоа. Словенската технологија и македонските фирми од каде ги набавува продуктите, исто така се дел од тој успех, бидејќи како што кажа Јанкоски досега работи со исти фирми. Тој вели дека не постои посебна тајна за успехот, треба само да се следат потребите на потрошувачите.
Јанкоски потенцира дека засега се единствени на пазарот кои нудат квлитетен производ по европски стандарди. Додава дека многумина се обиделе да ги следат нивните стапки, но дека досега никој не успеал во тоа. Јанкоски рече дека старите добро проверени рецепти за леб и бели пецива на нашите баби веќе се добро докажани.
„Алмико“ во своите 5 ресторани, од кои 2 во Охрид, 1 во Вевчани и сега веќе 2 во Струга, има 27 вработени. Јанкоски рече дека е горд што успеал да направи бренд од својата фирма, а најмногу што со тоа ги задоволил пред се сопствените потреби за конзумирање квалитетен леб и пецива. „Сега со мерак ќе застанам во ресторанот „Алмико“, кој се наоѓа во зградата на АМС во Струга и од тука ќе си купам леб за дома кога ќе си одан за Вевчани“, рече Јанкоски. Неговите амбиции не застануваат тука. Наредни дестинации за отворање на ресторани се Ресен и Битола.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град