Образовните институции во Струга пред колапс

Училиштата во Струга должат 11 милиони денари, долг направен минатата година.

 |  Билјана Николоска  | 
ucilishte Struga
училиште Струга

Училиштата во Струга, се во лоша финансиска состојба и во голем долг. Образванието во Струга пред колапс. И покрај големиот долг со кој се соочуваат струшките образовни установи, средствата од буџетот на општината за нив се намалени. Овие податоци се според информациите со кои располага советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, кои на последната седница на Совет и јавно ги обелоденија.

Одговорот кој Аврамоски го побара за некоја наредна седница на совет, го доби веднаш од градоначалникот на општината Рамиз Мерко. Мерко рече дека во основните училишта недостасувале средства за услужни дејности. За тоа веќе имале поднесено извештај до Министерството за образование, од каде се чека новиот министер да одлучи колку средства треба да се одобрат за таа намена, додава Мерко.

MerkoИ покрај сериозноста на проблемот градоначалникот на Струга смета дека вистинското решение за овој проблем е изнајдено и директорите веќе потпишале договор за плаќање на рати со компанијата на која и должат. Мерко за наредната грејна сезона рече дека ќе бидат поекономични, така што размислуваат да  отворат тендер за алтернативно греење или греење на пелети, кое било два пати поефтино отколку со нафтени деривати. Тендерот треба да се распише наредниве денови.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top