Невообичаен музички деликатес вечер пред охридската пубилка

После три преполни Сава Центри, конечно и во Македонија концерт на двајцата музички виртуози, гитаристот Влатко Стефановски и виолинистот Стефан Миленкович.

 |  Крсте Голабовски  | 
Stefanoski
Стефаноски

Стефановски обајснува дека основа на вечерашниов концерт е балканската, македонска музика, но секако и класичните дела, како на пример на Ерик Сатија, Дебиси, Моцарт и Дворжак, кои во себе имаат фолклорни елементи и се слични со традиционалната или етно музиката. Стефан Миленковиќ вели дека она што е несекојдневното за овој музички настан, е фактот на едно место ќе видите еден врвен гитарист и еден врвен виолинист, кои заедно чинат еден неверојатен спој.
„ Мислам дека секој од нас е доволно индивидуален и креативен па така комбинацијата веднаш создава нешто ново. И тоа всушност ќе го слушнете вечер. Јас не можам да кажам дека овој концепт, е единствен и дека досега не се случил, но мислам дека не е само до изнаоѓање концепт кој е целосно нов, туку мислам дека е до самите компоненти на проектот“ потенцира Миленковиќ.
Селекторот на музичката програма, Гордана Јосифова-Неделковска изјави дека ова ќе биде концерт на кој двајцата виртуози ќе направат вистинско уметничко доживување со многу динамика и ритмички изненадувања. Специјален гостин на вечерашниот концерт е еден од најпознатите џез музичари на Балканот, Васил Хаџиманов.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top