49 учесници на Малиот Илинденски Маратон

Финални подготовки за 32 по ред Илинденски маратон. Листата на пливачи е составена од 49 учесници и тоа од Македонија 12 клубови од Битола и Скопје и од Канада, Холандија Италија, Бугарија и Русија.

 |  Татјана Маленкова  | 
mal maraton
мал маратон

Финални подготовки за 32 по ред Илинденски маратон. Листата на пливачи е составена од 49 учесници и тоа од Македонија 12 клубови од Битола и Скопје и од Канада, Холандија Италија, Бугарија и Русија.

29 пливачи ќе се натрпеваруваат во машка и 20 во женска конкуренција. Учесниците се поделени во две групи и тоа група на учесници со наполнети 16 години кои ќе стартуваат во 10.00 часот и втора група која опфаќа 33 – ца помплади учесници од 10 до 15 години група која ќе стартува во 11.00 часот.

„Можам да потврдам дека од наша страна се е подготвено за Илинденскиот маратон“, вели член на организацониот одбор, Никола Маленко.

Мalenko„Патеката е долга 2 и пол километри. Досега е пливана во три варијанти. Рекордер на сите три бил Алкесандар Маленко сега има две варијанти, а на оваа која сега се плива е Михајло Ристески од Струга. Првиот која ја препливал патеката е Нико Нестор во 1954 година. Неколку години имало прекин од објективни причини. За прва пат од кога постои пливањето поради немањето на базен Охрид и Струга немаат свои претставници“, вели член на организацонен одбор, Маленко.

Маленко оптимист дека со пуштањето на базенот во Охрид во употреба ќе се возобнови пливањето во нашиот град и дека веќе следната година ќе има квалитетни пливачи на Илиндескиот маратон. Тој додава дека рекордот на постојната патека за малиот маратон, а тоа е 26 минути 16 секунди и 15 стотинки го држи Михајло Ристески, а на другите две варијанти сеуште несоборлив е рекордот поставен од страна на Александар Маленко.

„ Познавајки ги пливачите фаворит во женска категорија е Марина Симонова од Скопје која е во Шангај се враќа денес и која и покрај заморот ќе учествува на маратонот. Таа беше и победник и мината година. Таа е фаворит во генерален пласнам,  а од машките Александар Илиевски од Скопје се истакнува како фаворит со оглед дека Евгениј Поп Ацев не учествува годинава, незнам од кои причини најверојатно се подготвува за големиот матарон на 14 август“, велат од организацониот одбор.

Илинденскиот маратон будно ќе го следат 8 судии со меѓународна лиценца под водство на Врховниот судија Соња Думбалова Делова.

nagradiГодинава за најдобрите, организаторот ќе им додели одличја во машка и женска категорија или вкупно 12 мадаљи, по 6 во машка и 6 во женска категорија. На победниците ќе им бидат доделени и два пехари, а сите учесници на маратонот покрај дипломи, ќе добијат и книги од таткото на охридскиот маратон Леко Радиќ насловени „Маратон Горица Охрид со должина 2,5 километри“, каде е наведено се за 32 годишното одржување на Илинденскиот маратон.

Покровител на овој маратон е советот на општина Охрид, а генерален спонзор е Зора сателитски антени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top