Ништо од очекуваното

Инспекциите и градоначалникот на „лаф – муабет“.

 |  Биљана Николоска  | 

Состанокот на Локалната со државните инспектори, од кој јавноста очекуваше да се расправа за работното време и буката која се создава на плажите, се заврте во друга насока, кон урбаната опрема. Инспекциските служби седнаа на иста маса. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на денешниот состанок со државниот и општинскиот инспекторат побара заедничко делување за справување со негативните појави во градов за време на туристичката сезона. Иако јавноста денес очекуваше одговор и решавање на проблемот со бучавоста која произлегува од објектите на плажите, главен акцент на состанокот се стави на тезгите во централното градско јадро. Градоначалникот рече дека неможе 5 тезги кои продаваат храна и текстил  да го нарушуваат амбиентот на плоштадот и сите критики на јавноста и медиумите од типот хаос и панаѓур да е поради нив.

Раководителот на пазарниот инспектор Ѓорги Бошалески рече дека се доцни со состанокот како и со решението за делување во координирана акција. Според него ова требало да се направи во месец март кога се изготвуваат годишните програми за поставување урбана опрема. Во тој случај и тие би биле вклучени како инспекциски орган и би се договориле за активностите и увид во состојбата со тезгите. Бошалески категоричен дека она што е во нивна надлежност континуирано се работело.
Бошалески рече дека доколку се обратат до нив им стојат на располагање. Но тој исто така смета дека овој проблем кој се влечи години наназад може да се надмине само доколку се делува превентивно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top