Во струшко масовно се палат стрништа и покрај високите казни

Во месец јули струшката противпожарна единица изгаснала голем број пожари на отворен простор.

 |  Валентина Нелоска  | 

Овој месец двојно се зголемиле повиците за интервенирање на отворено за разлика од лани, а мал е бројот на шумските пожари, вели командирот на струшката противпожарна единица Урим Каба. Лани било забележано на Караормна во реонот на Делогожд аи Поум намерно полење на шума , но годинава такви појави нема. Каба нагласува дека во овој период,  загрижува зачестената појава на палење стрништа и покрај високите казни за сторителите бидејќи јавната свест е на ниско ниво. Иако делиме флаери, го информираме населението преку медиумите, но без ефекти нагласува командирот на пожарникарите Каба. „Ние ги известуваме наделжните служби, но досега од нив  немаме информација за нити еден откриен или казнет прекршител кој  намерно палел на  отворен простор“.

18 –те  струшки пожарникари имаат на располагање  5 возила. Но, возниот парк е веќе дотраен, а заради честите интервенции две возила не се во функција па во моментов располагаат само со три исправни противпожарни возила, укажува Каба. Појаснува дека  поднесле  барање до надлежните служби за обновување на возниот парк

Струшките пожарникари скоро двојно интевенирале во гасење на пожари од различни видови за разлика од своите колеги во Охрид, Ресен Кичево и Дебар. Тие   лани за 7 месеци интервенирале на 59 пожари, а годинава во истиот период дури 128 пати. Стрништа се гаселе во 62 наврати, а на објекти во 32 случаи. Врз сообраќјани возила се интервенирало 3 пати, имало 11 технички интервеници и 12 пожари на контејнери и кабли.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top