Советниците и Локалната ги подржаа Охриѓани

Наместо 76, угостителите со продолжено работно време ќе работат 16 дена.

 |  Крсте Голабовски  | 

Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти помина кај градските избраници, но откако беше изменета. Ова покажува дека реакциите на медиумите изминативе денови, но и апелот и петициите на жителите од стариот дел на Охрид стигнаа на вистинска адреса.
Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се продолжува работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги, за 2 часа во деновите 29 и 30 јули 2011 година заради одржувањето на Илинденската регата и 1и 2 август – празникот Илинден, 6, 7, 8 август 2011 година – празникот Свети Климент , патронот на градот.
Работното време за угостителските објекти  за исхрана без оглед на видот на угостителски услуги се продолжува за 1 час во деновите 12, 13 август поради одржување на Меѓународниот пливачки маратон- најголемата спортска манифсетација во Охрид,  19 и 20 вгуст – Денот на Арм и одржувањето на Охрид фест , 26 и 27 август 2011 година – празникот Света Богородица  и 8, 9 и 10 септември 2011 година – Денот на независноста на Република Македонија.
Со ваквата одлука се сложија сите. Задоволни се дури и жителите од Урбана заедница 1 – Стар град. Тие всушност се оние кои побараа помош од медиумите за промена на првичната одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
„ Како жител на централниот дел на Охрид можам да кажам дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти, имаме доплонителен проблем со пијаните туристи“, вели член на совет на УЗ   – Стар Град,  Никола Јамандиев.
Советниците сите сложни околу проблемите кои ги имаат охриѓани со буката . Позицијата и опозицијата на советот денеска беа едногласни и околу предлог одлуката за продолжување  на работното време на угостителските објекти.

„ Заклучивме дека оваа одлука апсолутно нема да ги реши ни проблемите на угостителите, ни на граѓаните ни на туристите,  туку само советот би навлегол во свера на делување каде нема ингеренции. Неможе проблем кој е настанат поради несовесно, нестручно избрзано делување на релевантни и надлежни органи кои однесла несватливи законски решенија и подзаконски акти, и сега сите тие тешки последици кои ги трпат сите да се обидуваме да ги решиме со инфантилни одлуки“, вели советникот од СДСМ Томислав Тунтев.

Советникот од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков смета дека решението кое го изгласаа советниците, по претходната координација кај градоначалникот е тоа вистинското со цел сите да бидат задоволни.

„ Одлуката се однесува на сите угостителски објекти. Иако сакавме како категорија да ги оделиме рестораните сепак се одлучивме да нема поделба меѓу угостителите“, вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

На иницијативата за продолжување  на работното време се побунија и од здружението на ноќни клубови. Претседателот на здружението Илија Џепароски вели дека ќе побараат од советот да донесат одлука за укинување на лиценците затоа што ноќните клубови и кабареа веќе згаснуваат во градов.

„Со продолжувањето на работното време се нанесува неправда према нас. Елитен туризам не се гради со продолжување на работно време на кафичите и со панаѓурски забави. Би сакал да ја преиспитаат нивната одлука затоа што по се изгледа во градов повеќе ќе нема дискотека, кабаре, ноќен клуб“, вели Илија Џепароски, претседател на здружение на ноќни клубови.

Останува да видиме дали на некоја од следните седници градските избраници ќе дискутираат и по однос на ова прашање.
Инаку на денешната триесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид, советниците покрај одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, едногласно уште ги усвоија предлог одлуките за давање мислење на планот за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2011-2012 година на ОУ „ Св. Климент Охридски“ Охрид, Годишниот извештај за работата на јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top