Бродот амбуланта конечно заплови

Бродот ќе ги опслужува сите безбедносни служби на Црвениот крст кои што работат и функицонираат, но и Капетанијата и Езерската полиција доколку имаат потреба од транспор и укажување на прва помош.

 |  Крсте Голабовски  | 

Секоја секунда е важна кога е во прашање спасување на човечкиот живот. Петгодишните напори на О.О На Црвениот Крст од Охрид конечно вродија со плод, па така за прв пат во водите на Охридското езеро, почна да оперира брод-амбуланта. Сашо Точко, претседателот на О.О. на Црвениот Крст кажа дека ова пловило е прво од ваков вид на Охридското езеро и на останатите водени површини во РМ, кое треба да биде поттик до сите институции да вложуваат понатака во овој сегмент зошто ништо повредно нема од човечкиот живот. Но сепак станува збор за привремено решение на долгорочен проблем.

„ Подолгорочна која на овој начин преку договори со приватни сопственици не е најдобро решение. Корисно е сега во овој момент, но тоа решение е само идеја и начин да се поттикнат оние кои треба да размислуваат во оваа насока. и да кажат дека да навистина е таа има потреба и да вложат во обезбедување на пловен објект“ вели Точко.

Договорот истекува точно за една година и 33 дена, односнона 31 август 2012 година, додаваат од Црвениот Крст па така, останува прашањето, што ќе се случи после истекувањето на две годишниот договор, со ова интервентно возило и 240.000 денари кои Општината досега ги вложи во неговата санација од издвоените 600.000 денари за оваа намена? Дали првичниот сопственик ќе си добие веќе среден пловен објект на готово или пак и понатаму ќе биде хуман и ќе го продолжи договорот со „Црвен крст“ кој и понатаму ќе го користи како брод амбуланта или пак Општината после веќе вложените средства ќе се одлучи и купи бродот, па ке го отстапи во трајно владение на Црвениот Крст останува да видиме. Душко Јаковчевски, Претседателот на Советот на Општина рече дека последната опција е добра идеја.

„ Добра идеја , ад хок прашање, за тоа со претседателот на Црвениот крст ќе разовараме што е најдобар начин за да функционира онака како што треба“, согласен е Јаковчевски.

Тимот кој ќе работи на бродот е составен од медецински лица, лекари, спасувачи, парамедици и секако капетан, кој ќе управува со пловилото. Сите се со соодветни лиценци и работни дозволи, за опслужување на луѓето кои имаат потреба. На бродот има соодветна медицинска опрема која со тек на време ќе се збогатува, како и современа опрема за комуникација, во ситуации кога факторот време е императив.

„ Времето е битен фактор многу. Посебно во летниот период кога сами знаеме каков е сообраќајот во Охрид. Се надевам дека сега со ова амбулантно возило на вода многу побрзо тоа ќе се направи, ќе треба се тоа добро да се координира со другиве служби“, потенцира Балев.

Бродот ќе биде одредено време закотвен на дел помеѓу плажа Немо и Хотел Метропол, за да биде достапен до спасителите, ќе патролира и на делот на струшкото крајбрежје, а по повик на капетанија ќе следи и пловила со ризични патници. Исто така ќе биде промовиран и бројот на кој ќе може граѓаните да се јават во случај на потреба. Голем проблем на кој посочуваат од Црвениот Крст е фактот што кога нема да патролира, пловилото ќе биде закотвено на самиот крај од каналот кај хидробиолошки, каде поради големиот број пловила во каналот, што е предалеку за навремена и брза интервенција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top