„Охридски Комуналец“ и Општина Охрид, продолжуваат со иницијативата за решавање на проблемот со животните скитници.
На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни би биле третирани и времено чувани.
„ Доколку животното е во добра состојба, се третира, ветеринарот ги отстранува органите за репродукција за да не се истот размножува и понатака после неколку дена од таков третман тие кучиња ќе бидат згрижувани хранети и чувани за да бидат дислоцирани на друг простор, односно просторот за азил на кучиња, вели Алче.
Таму во соработка со невладините организации кои се грижат за заштита на животните, ќе се формира систем кој на граѓаните ќе им овозможи присвојување на животните. Доколку никој не сака да ги присвои, тие животни ќе продолжат да живеат во местото за азил на животни.
Локацијата за овој простор, ќе го определат овие општини. Потребна е поголема соработка со невладините организации кои се занимаваат со заштита на животните бидејќи во Охрид евиденцијата за нив или е не целосна или воопшто ја нема. Ако постои точна евиденција лесно ќе може да се најде решение, дали животните ќе заминат во некое семејство или во стационарот за азил на животни. За ваквата слика со животните скитнци сме виновни самите ние вели Алче.
„Многу малку од кучињата скитници кои ги гледаме во просторот доаѓаат од некаде и обично проблемот со кучиња скитници го имаме на есен зошто сега сите доаѓаат во своите викенд куќи и станови и кога заминуваат ги оставаат тука, што понатака останува проблем на градот“ додава директорот на ЈП.
Кај градоначалниците на другите три општини постои согласност во решавањето на проблемот со животните скитници, на овој начин. Директорот Алче изјави дека веќе разговарал со сите градоначалници, начелно идејата била прифатена, но за жал на последниот состанок кој го иницирал, не се појавиле директорите на ЈП „Комунално“ од Струга како и ЈКП „Еремија“ на Општина Вевчани, па поради тоа оваа активност не била реализирана пред туристичката сезона. Ние како ЈП имаме формирано и одделение и имаме набавено и соодветна опрема како возило за таа намена. Имаме распишано оглас за набавка на опрема. Ако заеднички не успее идејата ние продолжуваме заедно со општина Дебрца. Од ЈКП велат дека иако на овој начин трошоците ќе бидат поголеми Законот за заштита и благосостојба на животните мора да се почитува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град