Седма година по ред како опстојува школата за едрење. Од година во година интересот кај децата се поголем за изучување на тајните на едрењето.Годинава дел од оваа школа се деца не само од Охрид, туку и од Скопје, но и од Торонто – Канада, но и од Италија. Новите едриличари со задоволство раскажуваат да нивните први искуства со едриличарите.
„Како и секоја година идните едриличари најпрво ги запознаваме со теротскиот дел, поточно со основните делови за едрилиците, ветровите, за потоа и практично да започнат да едрат. Најпрво влегуваат во едрилица со поискусните, откако ќе видиме дека се подготвени им дозволуваме сами да едрат, а ние ги пратиме со две кајчиња“, вели претседател на ЕК Бофор, Стефан Ставрев.
„Безбедноста ни е на прво место, децата се задоволни лесно им е и се е за нив нешто ново. Секојдневно имаме нови и нови деца. Теоријата ја спојуваме со праксата мора во секој случај да ги научат основните делови на едрилицата што е едрилица кои се нејзини делови кој дел за што служи за да може практичното да биде поефикасно“, вели Ставрев.
Од Бофор позитивно изненадени од интресот на децата за Школата за едрење. Тие појаснуваат дека по илинденската регата ќе има нови уписи. Додаваат дека сите заинтресирани веќе од 4 август ќе може да бидат дел од големото семејство едриличари кои од регионалните натпревари секогаш се враќаат со награди.
Page 1 of 2
Седма година по ред како опстојува школата за едрење. Од година во година интересот кај децата се поголем за изучување на тајните на едрењето.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град