Викендов територијалната противпожарна единица од Охрид имаше три интервенции на отворен простор.Пожар имаше кај коплексот Инекс Горица, во близина кај населбата Шипокно и на улица АРМ во Охрид. Како што појаснуваат од противпожарната служба сите пожари биле на отворен простор, кои благодарение на навремената интервенција на Територијалната Против Пожана Единица, пожарите биле брзо време локализирани и изгаснати, без поголема матријална штета.
„Обично овие пожари во овој период се најмногу и како намера но сепак е заведено како невнимание. Кај Инекс и Шипокно, пожарите најверојатно настанале од излетници кои што користеле отворен пламен за своја употреба па огнот им е избеган од контрола и пријавено е кај нас. Интервениравме со две возила за да не се прошири на шумскиот дел“, вели командирот на Територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски.
Прентоски додава дека при заштитата на пожари овој период многу ќе помогне одлуката за контролирање движење во шумски простори која стапи на сила на 20 овој месец.
Командирот додава дека и покрај тоа што противпожарната единица е одлично екипирани и кадровски и технички доста опремени, за да се справат со било која ситуација, сепак апелира до сите да внимаваат со упоребата на оган на отворен простор. Тој додава дека во овој период во услови на ветар и горлив вегетациски матријал, огнот неконтролирано се шири. „Сувата вегетација е многу подобра за глетка од изгорема вегатација“, вели командирот на Територијалната противпожарна единица Спасе Прентоски.
Тој додава дека ТППЕ до овој период од 01 јануари до денеска 25 има 121 интревенција од кои 56 интервенции се на објекти 46 на отворен простор и 7 на сообраќајни средства на подрачјето на општина Охрид, 1 интревенција на објект, 7 на отворен простор ин 1 на сообраќајни средсва во општина Дебарца и 1 интревенција во општина Струга како припомош на општина Струга.
Од противпожарна единица напоменуваат дека за жал на одредени локации во Охрид имаат проблем и со пристапноста до опожарената локација поради жардињери, ракламен матријал но и направилно паркирани автомобили.
Page 1 of 2
Викендов територијалната противпожарна единица од Охрид имаше три интервенции на отворен простор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град