„Свадбата на Фигаро“ премиерно пред охриѓани. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, синоќа на летната сцена Долни Сарај , Македонскиот народен театар премиерно ја изведе комедијата во режија на Леван Цуладѕе од Грузија.
Претставата предизвика голем интерес кај публиката, но не ќе сме ние македонци ако се протече онака како што треба. Или народски „не е свадба ако нема забелешки“.
Прво пред самиот почеток на премиерата на влезот се создаде непотребен метеж поради тоа што поединци на Долни сарај пристигнаа со своите автомобили. Меѓу нив секако и новопечениот директор на МНТ , Дејан Лилиќ. Одкако гледачите влегоа и се сместија кај нив се создаде впечатокот дека летната сцена на некогашниот Сарај не е најсреќниот избор за изведба на оваа драма. Луѓето задолжени за сценографијата мака мачеа со реквизитите па мораше да се направи пауза од 15-тина минути за истите да се заменат. Публиката речиси два часа мрзнеше не откажувајќи се од намерата да ја догледа комедијата до крај, за некаде половина час пред завршувањето на претставата, од преголемата бучавост која се слушаше од сите страни на градот да не може да ги слушне завршните реплики.
Инаку, секоја чест за актерската игра на Нино Леви, Сашко Коцев, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Марија Новак, Славиша Кајевски, Драгана Костадиновска, Томе Витанов, и Кирил Поп Христов, кои уште еднаш преку актерската игра во„Свадбата на Фигаро ја испратија најаката порака на светот -САКАЈТЕ СЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град