Здружението „Хумано срце за сите“ повторно во акција

Да се помага на луѓето е најважната цел на постоењето на човекот. Оваа универзална вистина е зацртана во уште една хумана акција на Здружението „Хумано срце за сите“.

 |  Мишел Наумоски  | 
humano srce
хумано срце

humano srceДа се помага на луѓето е најважната цел на постоењето на човекот. Оваа универзална вистина е зацртана во уште една хумана акција на Здружението „Хумано срце за сите“. И оваа година како и минатата, здружението ќе организира хуманитарни концерти во Охрид и Струга, на кои ќе настапат ѕвездите од македонската музичка естрада. На овие концерти ќе настапи и охридската група Силви бенд кои се и заштитно лице на Здружението.

„Сето ова мислам дека е најдобар начин да ја побуди хуманоста кај децата пред се, но и да не потсети нас дека во основа на нашето битие треба да е благородноста и хуманоста“-рече Силви Плевнеш

„Ние веќе 25 години сме на фронтот. Не постои некоја хумана акција што се одржала во нашата држава, а ние да не сме дел од тоа. Тоа продолжува понатака и ние цел живот ќе го правиме тоа.“-додаде Влатко Плевнеш

Основната цел на овие концерти е собирање на средства за семејствата кои се соочуваат со ретки и специфични болести кои сеуште ги нема на официјалната листа на ретки болести која ја составува Владата на Република Македонија.

„Овие иницијативи кои ни доаѓаат, ги добиваме директно од здравствените осигуреници. Значи ние кога кажуваме остваруваме права по основ  на здравствено осигурување конкретно за дечињава ќе зборувам, тогаш практично се прави листата на ретки болести. Се јавуваат лица и велат не можам количка за моето дете да земам. А зошто? Затоа што болеста не му е влезена во системот.“-рече Христина Темкова-Проект менаџер-„Хумано срце за сите“

Здружението активно работи на остварување на правата на осигурениците во областа на здравството, социјалата и пензиско-инвалидското осигурување. Тие досега презеле бројни иницијативи за анимирање не само на граѓаните, туку и на релевантните институции во земјава.

„Посебен акцент или посебен проект одвојуваме за деца болни од ретки и специфични болести, токму заради тоа што тие не се во системот на нашето здравство. Наша крајна цел е да ги воведеме во системот и да работиме институционално да влезат целокупните нивни трошоци на терет на Фондот за здравствено осигурување. Затоа што во моментот и години наназад, многу од овие ретки болести не се влезени во програмата на Владата на Република Македонија.“-вели Кочо Мицковски-Претседател на Здружението „Хумано срце за сите“

Мицковски додава дека нивното здружение постои токму за ова ревидирање на ретките болести да биде што поажурно, нешто што досега не било случај. Имено во ретки болести спаѓаат сите болести кои имаат 5 заболени на секои 100.000 лица. Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 3 Август на сцената во Долни Сарај. Почетокот е закажан за 22 часот и 30 минути, а ќе можете да ги видите ѕвездите од Македонскиот Идол, како и шоуто Јас имам талент, но и Александар Белов, Емилија Гиевска, Емилија Цветковска, Line out и заштитните лица-Силви Бенд. Влезниците ќе чинат 150 денари, а ќе бидат наменети за потребите на семејствата кои се соочуваат со ретки и специфични болести.

Концертот во Струга ќе се одржи во авто-кампот Ливадиште, на 6 или 7ми Август, за што здружението ќе даде дополнителна информација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top