Популарните локации на уличните станоиздавачи актуелни и годинава. Тие не избираат начин на пристап до моторните возила кои не се со охридска регистрација. Не ретко се случува мобилните станоиздавачи своите туристички капацитети на гостите да им ги нудат на сред улица или додека чекаат семафор, притоа не водејќи сметка на елементарната култура. На ваков начин и самите тие се изложуваат на опасност загрозувајќи ја сопствената безбедност и животот. Поради тоа деновиве засилен е инспекцискиот надзор во соработка со охридската полиција. Раководителот Танас Танасоски вели дека ќе се прави чистка со цел оваа појава да се искорене.
Казните се големи вели Танасоски. Доколку се работи за правно лице, глобата изнесува 800 евра на лице место, додека пак за физичко лице таа изнесува 400 евра. Издавање на соба мора да оди преку агенција но и тука има злоупотреба, додава тој.
За оваа проблематика загрижени се и од државниот пазарен инспекторат. Раководителот Ѓоко Бошалески рече општинскиот инспекторат да поводи сметка и за дивите туристички водичи кои согласно новите измени на законот се ставени во негова надлежност.
Од општинскиот инспекторат велат дека сите станоиздавачи кои се прекршители на законот за туристичка дејност се евидентирани и истите се опоменети. До денес изречени се 18 глоби, вели Танасоски. Тој додава дека не би сакал да е така, бидејќи според него никој од убаво не излегол да чека гости на улица, јасно е дека тие имаат големи проблеми, но градот е поважен од личниот интерес на поединци, додава Танасоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град