Капетанија за интервенции располагаат само со еден чамец

Бродовите, глисерите, кајчината  во случај на непријатности во езерските води, на невреме или  на дефекти  можат за помош да се обратат во Охридската капетанија.

 |  Валентина Нелоска  | 
kajcinja
кајчиња

Бродовите, глисерите, кајчината  во случај на непријатности во езерските води, на невреме или  на дефекти  можат за помош да се обратат во Охридската капетанија. Единствено трагањето по пловните објекти Капетанијата го прави  во соработка со езерската полиција вели Капетанот Љупчо Настоски. Капетанот  истакнува дека ги информираат  управувачите на пловните објекти преку  флаери и  им ги доближуваат правилата и начините како да дојдат до нивните услуги во случај на потреба.

kajcinjaОд Охридската капетанија информираат дека во случај на ризични ситуации интервенираат со три лица и само со еден чамец. Имаат дежурства во текот на 24 часа.

И годинава пловидбата на објектите во езерските води се одвива без препораките од стручните лица кои укажуваа од потреба за изготвување на Студија за воден сообраќај,  утврдување на линиски сообраќај на пловните објекти, воспоставување радио врска.

Бројот, пак на пловните објекти кои годинава се регистрирани во Капетанија се десетина нови пловила, што е многу помалку за разлика од минатата  година.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top