Кoj е виновен?

Никој не ја презема вината за хаосот во градот со поставувањето на урбаната опрема. Бројните укажувања на јавноста дека Охрид во секој поглед треба да се оправда пред УНЕСКО, паѓаат во вода. Некој очигледно останува глув на сите добронамерни забелешки на граѓаните.

 |  Билјана Николоска  | 
kej
kej

tezgiОва прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното градско јадро. Од пазарниот инспекторат пак раководителот Ѓорги Бошалески вели дека очигледно законите треба добро да се прочитаат, а посебно тоа да го направат инспекторите на општинскиот инспекторат. Според него, за поставување на урбана програма согласно годишната програма тие немаат никакви ингеренции освен надзор. Бошалески додава дека тие имале список на сите оние кои имаат дозволи за поставување урбана опрема и сите тие имале регулиран статус на даночни обврзници, кои ја имаат подмирено својата обврска.

PanoskiСо свој став кон ова прашање излезе и координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски. Според него тие биле излажани во врска програмата за урбана опрема. Паноски, вели дека цело време биле убедувани од страна на Локалната самоуправа, дека годинава ќе се стави ред, и дека нема да се оди надвор од зацртаната програма. Точно поради тоа тие ја дале својата поддршка за програмата за урбана опрема. Паноски дециден дека реагираат поради хаосот за кој тврди дека е надвор од програмата за која што тие гласале.

И додека двајца се караат третиот добива. По се изгледа и оваа туристичка сезона поради пропустите на институциите ќе ќарат дивите профитери кои понесени од личниот интерес не водат сметка за имиџот на градот на УНЕСКО.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top