Орманчето за струја од каде се снабдуваа бродовите исклучено

Бродарите останаа без струја. Подолг период орманчето од кое тие црпеа електрична енергија е исклучено поради безбедност на шетачите. Дознаваме дека надлежните од капетанијата на пристаништата и ресорното министерство, придружувани од екипи на ЕВН, контролирајќи го пристаништето, побарале од надлежните да се превземат мерки за неизолираните кабли кои видливо биле распространети по пристаништето.

 |  Татјана Маленкова  | 
pristanishte
пристаниште

pristanishteБродарите останаа без струја. Подолг период орманчето од кое тие црпеа електрична енергија е исклучено поради безбедност на шетачите. Дознаваме дека надлежните од капетанијата на пристаништата и ресорното министерство, придружувани од екипи на ЕВН, контролирајќи го пристаништето, побарале од надлежните да се превземат мерки за неизолираните кабли кои видливо биле распространети по пристаништето.

„ Од страна на инспекторите на локалната беше донесен налог да се исклучи електричната енергија. Ние како орган побаравме да се испита дали е сигурно пристаништето, а тие ја исклучија електричната енергија“, вели капетанот на капетанија на пристаништата, Љупчо Настоски.

Од локалната пак се категорични дека тие постапиле правилно, во интерес на безбедноста на минувачите по пристаништето. Сашо Велјаноски од фондот за комунален развој вели дека капетанијата на пристаништата треба да поднесе барање до ЕВН за поправање или комплетна промена на орманчето за електрична енергија.

Портпаролот  на ЕВН, Ленче Карпузоска вели дека струјата е исклучена на барање на охридската капетанија.

“Она што е наша обврска, напојувањето со електична енергија до мерниот ормар е во ред“- вели таа и додава дека проблемите со струјата треба да го реши капетанијата , бидејќи таа е надлежна за пристаништето.

Инаку градското пристаниште неодамна една ноќ беше во комплетен мрак, но по брзата интервенција на локалната самоуправа, дефектот веднаш беше поправен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top