Чекаат согласнот, а не поднесле барање

Засега се нереализирани двете идеи за пешачката патека покрај езерскиот  брег во стариот дел на градот и партерното уредување на Сараиште.

 |  Валентина Нелоска  | 
saraishte
сараиште

Засега се нереализирани двете идеи за пешачката патека покрај езерскиот  брег во стариот дел на градот и партерното уредување на Сараиште. На последната седница на советот на Локалната самоуправа, советници поставија прашање до каде е постапката за да станат реалност овие две иницијативи,  кои претходно добија поддршка од Локалната самоуправа. Идејата за пешачката патека е стара подолго време, а другата за Сараиште е граѓанска иницијатива од МЗ „Стар Град“ од пред две години. Градоначалникот Петрески на прашањата одговори дека се чека согласност од Упрвата за заштита на културното наследство. Од друга страна директорот на Управата тврди „не можеме да дадеме мислење бидејќи никој не го побарал тоа од нас“.

Директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман, вели дека до нивната институција досега нема доставено никакво барање. За иницијативата пак за партерно уредување на Сариште слушна за прв пат.

saraishteКузман потврдува дека идејата за пешачката патека покрај езерото во стариот дел на градот од пристаниште до Лабино е стара и била ставена во Генералниот урбанистички план на архитектот  Климе Заров, но планот  не бил прифатен.  За оваа идеа треба нов детален проект кој треба да помине неколку филтри на институциите и на Унеско, укажува Кузман. Охрид како дел од светското култрурно наследство не може да биде предмет на интерес на градот без да се слушне мислењето на сите институции.  Мора да се следат законските правила и принципи на Законот за заштита на старото градско јадро за да не бидеме избришани од листата на Унеско, вели директорот на управата. Дали ќе дадеме согласност за реалзиацијата на двете идеи, се зависи што ќе содржат понудените  проекти, вели Паско Кузман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top