Лош пример за гостите

На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“  се движел моторциклист  и на  даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон  униформиран полициски службеник со погрдни зборови.

 |   | 
policija
полиција

policijaНа 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“  се движел моторциклист  и на  даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон униформиран полициски службениксо погрдни зборови.

Потоа  го ставил моторциклот во погон со цел да избега од лице  местото , при што со моторциклот удрил во службеното лице  нанесувајќи му телесни повреди, за што му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.

Лицето со употреба на физичка сила било  доведено во послушност и  приведено во ПС-Охрид, при што е констатирано дека се работи за  О.М. (35)  познат туристички работник од Охрид кој се занимава со угостителство и агенциско работење.

Во врска со овај настан од страна на СВР Охрид против  истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е уште еден доказ дека некои лица сметаат дека се над законот, земајќи си за право да изигруваат локални моќници кои не почитуваат никакви правила и прописи. Полни сме со критики за гостите и туристите за кои сметаме дека не “играат по правилата“, а всушност локалните мангупи истите најповеќе ги кршат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top