Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство.
Полска со настан од високо ниво, што ќе го организира на есен во Македонија, сака да покаже дека ја поддржува земјата на патот кон ЕУ. Но, колку Македонија го користи полското претседателтво за промоција на земјата?
На 3. октомври полското претседателство со ЕУ ќе организира во Охрид министерски форум ЕУ – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи и правда, како и претставници од Европската комисија, Советот и следната земја-претседавач со Унијата, Данска. Целта е да се усвојат мерки за понатамошна соработка во областа на слободата, безбедноста и правдата. Овој настан од високо ниво е единствен што полското претседателство го организира надвор од земјата или, пак, во Брисел или Луксембург – местата каде вообичаено се одржуваат состаноците организирани од земјата-претседавач.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град