Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот.
Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители.
Стигна забраната охриѓани и гостите да не смеат да палат скари, стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана се вклучува НП „Галичица“ чии ренџери ќе ја спроведуваат забраната најавува Номче Новески, раководител на секторот за заштита при НП „Галичица“.
За непочитување на забраната казните се ригорозни и се движат и до 3000 евра. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра.
Контролата на движењето на посетителите ќе трае се додека се намали опасноста од можни пожари и намалување на високите воздушни температури, информира Новески.
„ Додека траат високите температура и пристигаат информации од Дирекцијата за заштита и спасување за опасноста од пожари од прв степен ќе трае и нашата мобилност“,вели Новески.
Во дирекцијата на НП „Галичица“ ќе издаваат дозволи за движење во паркот. Во неа ќе стои името на посетителот, реалцијата и време траењето на задржувањето. Од таму очекуваат навалица за дозволи бидејќи паркот изобилува со бројни содржини за пашаците, планинарите и велосипедистите, како и посетителите на излетничките места Јадера, Коритски рид и Корита.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град