Скутерите ќе одмораат до 18 часот

Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица.

 |  Татјана Маленкова  | 
skuter
скутер

plovniОд 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и истата не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.

За сите граѓани кои нема да ја почитуваат одлуката, пропишани се санкции, а висината на глобата што ќе треба да ја плати прекршителот изнесува од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за правни лица кои не се придржуваат до ограничувањето за пловидба, од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за трговци-поединци, а дополнително на овие глоби се изрекува и мандатна казна на лице место во износ од 600 евра во денарска противвредност. Глобата за физички лица кои нема да го почитуваат ограничувањето за пловидба изнесува 800 – 2.000 евра во денарска противвредност.

Оваа година е трета по ред како се применува оваа одлука. Од Капетанија на пристаништата задоволни од ефектот кој истата го дала минатите две години.

Капетанот на капетанијата на пристаништата Љупчо  Настоски вели дека минатата година за време на забраната на пловидба само неколкумина не ја почитувале одлуката, па поради тоа истите добиле прекршочни пријави поради тоа што никој неможел да ги плати мандатните казни. Капетанот додава дека во летниот период секојдневно ќе се вршат засилени контроли.

NastoskiКапетанијата на пристаништа сите активности кои ги превзема ги прави со цел поголема заштита на капачите. Поради тоа комсија прави чести контроли на плажите со цел да види дали и капалиштата се добро обележани и дали се почитува или прекршува договорот помеѓу концесионерот и министрвото за транспорт и врски.

Настоски открива дека до крајот на месецов ќе биде извршена уште една контрола. Инаку на претходната која беше на крајот од месец јуни кај неколу закупци комисијата имала забелешки, поради што концесионерите добиле рок од 20 дена да ги отстранат, во спротивно на истите им било кажано дека  доколку не го направат тоа ќе им бидат раскинати договорите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top