И понатаму инвеститорите не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење во екот на туристичката сезона во централното градско подрачје. Интензивно се гради и покрај тоа што градежната инспекција пишува прекршочни пријави.
Тешка механизација, зголемена бучавост, прашина и испукана водоводна цевка. Вака изгледа градилиштето кое никна од неодамна во непосредна близина на градското Пазариште. Се повеќе инвеститори не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење во туристичката сезона во централното градско подрачје. Не ги плашат ниту прекршочните пријави од градежниот инспекторат, ниту реакциите од граѓаните. Поради градежните зафати на оваа локација испука дел од асвалтот на паркингот со кој стопанисува ЈП Охридски Комуналец со што се загрозува статиката на околните објекти, а денес настана и дополнителен проблем бидејќи при активностите беше оштетена водоводна цевка при што околните објекти повеќе часа oстанаа без вода.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град