• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Матурскиот успех задоволителен по Македонски јазик и литература, се сопнаа на математика

Матурскиот успех задоволителен по Македонски јазик и литература, се сопнаа на математика

Раководството  од двете средни стручни училишта е задоволно  од матурскиот успех по Македонски јазик и литертатура. Учениците потфрлиле во знаењето по математика. Денес беше последниот рок за поднесување приговори.

 |  Валентина Нелоска  | 
ucenici
ученици

OSU Vanco PitoseskiВо Општинското средно училиште „Ванчо Питошески“ 50-те кандидати кои полагале  државна  матура го положиле задолжителниот предмет Македонски јазик и литература. 27 ученици положиле Англиски јазик од 40 пријавени, а 13 ученици паднале.  Еден ученик бил пријавен и го полжил  испитот по Германски јазик, а двајца пријавени по Француски јазик не успеале да положат. По предметот математика биле пријавени седум ученици и сите не успеале да добијат преодна оценка, информира Секула Баткоски дирктор на ОСУ „Ванчо Питошески“.

За завршниот испит за 4 степен образование, пак биле пријавени 100 ученици од кои на испит се пријавиле 92 –ца ученици. Од нив 67 положиле и завршиле додека 25 мина ќе имаат повторна можност во август.

Завршниот испит за 3 степен образование готвачи од пријавените 77 ученици полагале 72, а  положиле  67 ученици,  5-мина паднале. Од 30 келнери кои се пријавиле полагале 23 од нив 20 положиле, а тројца повторно ќе полагаат во август.

МУЦИ во ОСУ Св.Наум Охридски се задоволни од остварените резултати на државната матура  по задолжителниот предмет Македонски јазик и литература. Матурата ја положиле  121 кандидат. Англиски ијазик избрале 71 кандидат од кои 59 положиле, а 12 не успеале да добијат преодна оценка. Единствено се слаби резултатите и тука по изборниот предмет математика, вели помошник директор проф. Татјана Дурнева. Од пријавените 52 ученици положиле само 16 . Задоволувачки се оценките  и од завршниот испит нагласува Проф. Дурнева.

Денес беше и последниот рок кога учениците кои се незадоволни од резултатите можеа да поднесат приговори до Државниот испитен центар. Во „Ванчо Питошески“ нема поднесени приговори, додека во „Св. Наум Охридски“ се вложени 6 приговор, 3 по математика, 2 по англиски јазик и 1 по македонски јазик. Во гимназијата со економски паралелки „Св. Климент Охридски“ пак се вложени 7 приговори. Оваа година бројот на приговорите во оваа образована институција е далеку помал за разлика од мината кога биле вложени 47. Цената на приговорите годинава е двојно помала за разлика од лани и изнесува 1000 денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top