Македонските едриличари во четвртата квалитетна група на ЕП

Македонските едриличари, задовлни од првиот настап на Европското првенство во едрење.

 |  Крсте Голабовски  | 
edrilici
едрилици

Неодамна во Воркум, Холандија заврши Европското првенство во едрење во класара Ласер 4.7. Од предвидените  шест натпреварувачки дена, се едреше само три дена, а се одржаа седум регатни трки.

edrilici

Во променливи временски услови и доста студено време за овај период на моменти многу јак ветар, дожд и без ветар се одржа првенството.Македонските едриличари се пласираа во четвртата квалитетна група Ердал Лушо на 34-то место, Димитар Поп-Стефанија на 65 то место, кога изгуби десетина места поради хаваријата на едрилицата во последните две трки.Нашите едриличари сепак задоволни од овој прв настап во едно вакво елитно едриличарско друштво.Европски првак е швајцарецот Себастијан Шнајдер, додека од девојките најдобра е холанѓанката Максиме Јонкер, од помладите девојки  под 16 години грчката едриличарка Атанасија Факиди. Пријатно изненадување е победата на едриличари во класата под 16 години  на српскиот едриличар Лука Тошиќ. Европското првенство помина во беспрекорна организација на холандските едриличарски работници.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top