Од денес па до крајот на месецов Меѓуопштинскиот центар за Социјална работа од Охрид ќе врши годишна обнова на документација потребна за остварување на правото на социјална парична помош за потенцијалните корисници.
Од денес па до крајот на месецов Меѓуопштинскиот центар за Социјална работа од Охрид ќе врши годишна обнова на документација потребна за остварување на правото на социјална парична помош за потенцијалните корисници. За овие лица во центарот веќе постои предмет во кој е внесена целокупната нивна документација па не е потребно нејзино дополнување. Сепак истите се должни да ги пријават сите промени во семејството доколку во изминатава година дошло до тоа, како на пример нов член во семејството, вработување на некој од членовите, напуштање на заедницата и тн. За оние пак кои за прв пат ќе поднесуваат барање за добивање на парична социјална помош покрај документацијата која досега се поднесуваше потребно е да достават и имотен лист, вели Билјана Наумоска, В.Д. Директорот на Центарот за социјална работа
Ова, вели директорката на центарот се практикувало и порано но, сега без исклучок треба да се поднесе и имотен лист доколку сакаат да добијат социјална помош. На ваков начин треба да се намали можноста за манипулации при добивањето на социјалната парична помош.
Но, сега се отвара еден нов проблем. Има поединци кои не можат да го добијат тој документ поради неажурноста на службите во минатото или пак постапката за негово добивање е многу спора па се откажуваат од своето право на социјална помош.
Инаку во Охрид заклучно со месец август имало 1 004 корисници на социјална парична помош. Во Македонија, најголем број на вакви корисници има во Скопје. Но, Наумоска вели дека и во Охрид оваа бројка е поголема. Таа се намалува само за време на летниот период бидејќи голем број од социјалците се ангажирани сезонски и земаат некаков приход, а при тоа им се укинува социјалната помош, објаснува директорката на центарот.
Граѓаните кои за прв поднесуваат барање за социјална помош тоа можат да го направат од први до петти секој месец во годината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град