Гастрономските специјалитети на на турската кујна, која обилува со ориентални јадења и специјалитети, отсега во Струга.
Гастрономските специјалитети на на турската кујна, која обилува со ориентални јадења и специјалитети, отсега во Струга.
Ориенталните гастрономски специјалитети, отсега во Струга. На струшката ривиера, во непосредна близина на Хотел „Галеб“,неодамна отворен ресторанот „Фес“. Станува збор за гастрономска куќа во регионов единствена по својата понуда.
„Се издвојуваме од останатите со тоа што првенствено служиме ориентална кујна, турска храна со професионален кувар, кој е обучен за тие работи, и ја имаме најубавата платформа во Струга па и пошироко во овој струшко охридски регион, вели Малинов.
Малинов додава дека плажата каде е лоциран ресторанот, е со капацитет од сто лежалки, а секако за квалитетот на услугата не смее да се зборува. За почеток на сезоната менаџерскиот тим вели дека ќе работат и со плажата, додека нивна интенција е ресторанот да работи, преку целата година, со регуларно работно време.
Што се однесува до збогатување на нивната понуда, таа исклучиво ќе зависи барањата и желбите на гостите. За почеток останува нивната ориентираност кон понудата на гастрономските специјалитети на турската храна.
Што се однесува до викендите и забавната понуда во која гостите ќе може да уживаат покрај ориенталните специјалитети. од менаџерскиот тим најавуваат организирање на забави со ориентална музика и танци.
„Сакаме да ги освоиме стружани, охриѓани и пошироко колку можеме да навлеземе подлабоко, тоа е нашето мото, услугата е на професионално мото, персоналот се состои од искусни луѓе кои работат надвор од македонија, зборувам за САД.“, додава Малинов.
Уште на самиот старт, овој ресторан се покажа како интересно катче за оние кои уживаат во ориенталната кујна и убавините на езерото. Покрај познатите естрадни фаци, кои се редовни гости, ресторанот Фес беше и изборот на претставниците на Меѓународната кошаркарска организација, кои неодамна учествуваа на отварањето на Европското првенство за јуниорки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град