Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот.
„Генерално сите проекти се во насока на програмата за национален развој на југозападниот плански регион со националната стратегија за рамноправен регионален развој. Сите 13 општини се партнери во три големи проекти“, вели раководителот на центрот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозановска.
Проектите за кои започна имплементацијата беа дефинирани минатата година заедно со претставници од општините во координација на центарот. Целната група на проектите е различна, а партнери на југозападнит плански регион се оптините.
„ Бидејќи доцнеше рокот за потпишување се надевеме дека дел од проектите ќе бидат завршени до крајот од оваа година, а 100 % во првиот квартал од следната година. Советот за развој на југозападниот плански регион усвојува годишна листа на приоритетни проекти и ова беше водечка листа за 2010 год. но заради доцнење и одлагање овие требаше да ги започнеме уште во 2010 год. но имаше доцнење, рестрикции договор потпишавме дури годинава и сега започнуваме со имплементација една година има празен од од проектите“, Лозановска.
Во три од проектите вклучени се сите 13 општини од Југозападниот плански регион, а тоа се: Селектирање отпад и набавка на садови за собирање хартија и пластика, Набавка на опрема за детектирање на губитоците на вода и Организирање каравани со фолкорни групи со можности за презентација на традиционална храна и етно-претстави.
Во останатите три проекти пак Физибилити студија за одведување на отпадни води од локалиттот Градиште до Свети Наум, Изработка на технички проект за фекална канализација за Општина Вевчани и дел од струшката општина (односно населбите Долна Белица, Октиси, Подгорци и дел од Велешта), и Поставување мерен пункт за емисијата на гасови и загадувањето на воздухот во Осломеј, како партнери се појавуваат по три општини од Регионот.
Вкупната вредност на шесте проекти е нешто повеќе од 12 милиони денари, а средства ги одделува Владата на Македонија за развој на плански регини. Проектите се насочени кон решавање на некои актуелни проблеми во регионот, како и за намалување на диспаритетите меѓу регионите и развивање иницијативи за приближување кон Европската Унија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град