Трета регионална средба на претседателите од земјите во регионот

Домаќин на средбата македонскиот Претседател Ѓорге Иванов, додека на неа присуствуваа претседателите на Албанија, Бамир Топи, на Црна Гора Филип Вујановиќ и претседателот на Косово, Атифете Јахјага. Претседателите согласни дека, решавањето на емотивните билатерални прашања не смее да биде пречка на патот кон евроатланската перспектива.

 |  Крсте Голабовски  | 
samit
самит

samitЗемјите од регионот имаат идентична визија за иднината. А тоа е што е можно побрз влез во големото Европското семејство и НАТО интеграциите. Ова беше заедничкиот став на учесниците на денешната Трета регионална средба на претседателите од земјите во регионот. Што се однесува до решавањето на емотивните билатерални прашања помеѓу земјите од регионот, како примерот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Македонскиот претседател истакна дека решавањето на овие комликувани билатерални спорови треба да биде оставено настрана.

Ivanov„Билатералните прашања, не смеат да бидат блокада на процесите кои се незапирливи, тоа беше пораката на сите средби досега, а ние не смее да дозволиме истите прашања да бидат пречка кон Евроинтеграциите“, истакна македонскиот Претседател.

Претседателот Иванов потенцира дека перцепцијата која е создадена за РМ, е перцепција создадена од само една земја членка на ЕУ. Додаде дека станува збор за проблем чија завршница треба да се бара во ОН.

Crna Gora VujanovicЦрногорскиот Претседател Филип Вујановиќ,  задоволен од воспоставувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, желба искажана при минатогодишната средба во Призрен,  од која се добиени и првите конкретни резултати.

Albanija Bamir TopiАлбанскиот Претседател Бамир Топи пак,  истакна дека Балканскиот регион веќе не може да се гледа како во минатото, фрагментиран, со различни спротиставени политики, затоа што сите земји, за среќа го прогласија својот проект на иднината – интеграција во ЕУ и НАТО. А, дијалогот, е единствениот начин за надминување на проблемите, додаде Топи.

Kosovo Atifete JahjagaПретседателката на Косово, Атифете Јахјага истакна дека останува одговорноста на конкретните влади на овие  четири држави да развиваат конкретни законодавства и спогодби во насока на прашањата за кои се дискутираше на средбите.

На денешниот работен дел од регионалната средба, беа одржани  неколку билатерани средби на учесниците на претседателскиот самит. На средбите, заедничка констатација беше дека  сега е вистинскиот момент за конкретизирање на соработката во конкретни сфери и тоа:

  1. подобрување на патната и енергетската инфраструктура
  2. економијата
  3. заштита на животната средина
  4. заедничка борба против организираниот криминал

Уште една од заедничките констатции е дека состаноците на највисоко ниво претставуваат јасен сигнал за општествата/владите за потребата да се интензивира соработката помеѓу одделни ресорни сфери. Исто така беше предложено да се зајакне динамиката на ваквите средби. На билатералните средби на четворицата претседатели беа разменети информации за актуелните политички и економски сосотојби како и за актуелните регионални прашања. Клучната тема на билатералните разговори беше интензивирање на напорите за решавање на предизвиците за евроатланските интеграции,  како врвен приоритет за земјите од регионот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top