Крајбрежјето на потегот Струга-Калишта, воопшто не е заштитено

Поради тоа, еколошкото друштво „Енхалон“ има изготвено проект, но надлежните ниту го прифаќаат ниту го одбиваат.

 |  Билјана Ќосеска  | 
trska
trska

Поради тоа, еколошкото друштво „Енхалон“ има изготвено проект, но надлежните ниту го прифаќаат ниту го одбиваат.

Доколку не се заштити овој дел од крајбрежјето, се заканува уништување на локвањот и трската, предупредуваат од „Енхалон“.

Живиот и растителниот свет на потегот од Струга па се до село Калишта воопшто не е заштитен. Овој дел кој изобилува со големо природно богатство е оставен на милост и немилост, кажува  екологот,  Мате Гогоски. Револтиран од ваквата ситуација, тој лично има изготвено проект кој предвидува заштита на подрачјето. Гогоски вели дека во моментов е неопходно од ваков проект.

Ohridsko ezeroПроектот кој опфаќа на кој начин треба да се заштити крајбрежјето на потегот од Струга до селото Калишта, Гогоски го доставил до министерството за екологија,  но до сега нема никаков одговор. Со тоа што молчат надлежните, иако постојано по медиумите велат дека се грижат за заштита на животинскиот и растителниот свет, сепак се потврдува спротивното, вели Гогоски.

Наспроти тврдењата на Гогоски, од министерствто за екологија, постојано потенцираат дека приоритет им е заштита на езерото и неговото крајбрежје. Истакнуваат дека неуморно  работат на тоа и успеваат во реализацијата.

Од министерството за екологија велат дека во иднина во соработка со локалната самоуправа ќе се трудат уште повеќе да го заштитат езерото и неговото крајбрежје.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top