Културниот туризам перспектива за целиот Балкан

Културен туризам без граници. Можеби сеуште звучи недостижно, но ова е темата на која се дискутираше на денешната средба помеѓу нашиот Факултет за туризам и угостителство и Економскиот факултет од Благоевград-Бугарија.

 |  Мишел Наумоски  | 
biljana platno
Билјана платно белеше

Samoilovi tvrdiniКултурен туризам без граници. Можеби сеуште звучи недостижно, но ова е темата на која се дискутираше на денешната средба помеѓу нашиот Факултет за туризам и угостителство и Економскиот факултет од Благоевград-Бугарија. Крајната цел-промовирање на целокупното балканско наследство како еден глобален туристички производ карактеристичен за регионов.

Културните рути не познаваат физички и државни граници, тие се движат по линијата на културното наследство. Балканскиот регион изобилува со културно богатство од најразлични периоди, а тоа е богатство со неверојатни сличности меѓу себе. По согледувањето на можностите кои ги нуди овој регион, нашиот факултет за туризам и угостителство и Економскиот факултет од Благоевград-Бугарија организираа научен симпозиум на кој ги споделија своите искуства во областа на туризмот.

Sasho Korunoski„Со ова сакаме да кажеме дека постојат големи потенцијали за развој на културен туризам. Потенцијали кои што преку туризмот ќе ги совладаме и оние политички бариери. Една културна рута која што ќе се организира, значи би била од Софија за Охрид, и таа културна рута ќе ги спознае и ќе им ги понуди на туристите сите богатства во овие две земји како интегрален дел.“- проф. д-р Сашо Коруноски, декан на ФТУ.

На конференцијата беше констатирано дека балканот располага со културно наследство од најразличен вид, и ова културно наследство многу лесно може да се стави во функција на туризмот и воедно да стане препознатлив знак на Балканот како туристичка дестинација.

„На територијата на Западниот Балкан или на територијата на Источна Европа се среќаваат неколку основни културни коридори. Искористувањето на тие културни коридори како ресурси за развој на туризмот моќе да се случи само со локалните усилби на засегнатите страни од овој Балкански регион. И се наметнува идејата во иднина да поработиме на создавање на некаква Балканска алијанса или не знам како би ја нарекле и да ги интегрираме нашите напори.“-проф д-р Георги Георгиев.

Pere AslimoskiСекоја култура ја сочинуваат два важни елементи, традиција или културно наследство и иновација или новосоздадена вредност. Денес познаваме многу земји кои благодарение на културното наследство се стекнаа со имиџ на туристички сили и по тој основ остваруваат извонреден економски и културен развој-вели проф.д-р Пере Аслимоски, проректор на Битолскиот универзитет.

„Постојат и технички услови, постои и желба и интерес да се соработува во оваа насока бидејќи ефектите би биле далекусежни и во интерес на сите балкански земји.“-рече професор Аслимоски.

PlaoshnikКултурното наследство како израз на творби кои потекнуваат од минатото, на најубав начин ги изразуваат културните специфики на еден народ и токму поради тоа има моќ со магнетска сила да ги привлекува туристите-додава професор Аслимоски. Оваа научна конференција на која се разменуваа искуства помеѓу земјите не е прва од ваков вид и претставува продолжение на средбата во Ќустендил одржана на 6ти овој месец. Главен организатор на конференцијата е Министерството за економија од Република Бугарија, а покрај Економскиот факултет од Благоевград и охридскиот Факултет за туризам и угостителство, учествуваа и Бугарскиот национален комитет на ИКОМОС и Економскиот универзитет од Варна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top